Дома Фудбал Легенди со остра критика кон играчот на Јунајтед: Не е доволно добар за овој тим

Легенди со остра критика кон играчот на Јунајтед: Не е доволно добар за овој тим

ПОРАНЕШНИОТ играч на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, жестоко го критикуваше Мануел Угарте, велејќи дека уругвајскиот фудбалер „не е на нивото на клубот“. Бат смета дека поранешната ѕвезда на Пари Сен Жермен, која од своето доаѓање на Олд Трафорд во летото 2024 се мачи со формата, е доказ за слабата трансфер политика на клубот, пишува Goal.com.

Угарте оваа сезона не успеа да ја оправда својата вредност од 50 милиони фунти, започнувајќи само седум натпревари во Премиер лигата. Во Манчестер пристигна од ПСЖ по препорака на поранешниот тренер Рубен Аморим, со кого соработуваше во Спортинг, но тие успеси не се повторија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дури и самиот Угарте во септември призна дека му паднала формата. „Не почнавме сезонава баш најдобро. Ниту јас не бев на највисоко ниво, мораме да бидеме реални и искрени“, изјави тогаш, додавајќи: „Но, многу сум самоуверен, имам одличен однос со тренерот. Работам многу и сум возбуден и мотивиран да се изборувам за место во почетниот состав.“

Во подкастот The Good, The Bad & The Football, легендата на Јунајтед, Бат, беше директен во својата критика. „Угарте не е везен играч за Манчестер Јунајтед. Нe е играч каков им треба на Манчестер Јунајтед“, рече Бат.

„Тоа е само еден пример на погрешен избор и како постојано грешат. Секогаш прават грешки со играчите кои ги доведуваат и тоа е факт“, додаде тој. Според некои извештаи, Угарте може да го напушти клубот веќе овој месец, а турскиот Галатасарај наводно разгледува опција за позајмица со можност за откуп на договорот за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Реал и ремито е трагедија, а камоли ова! Арбелоа под удар во Шпанија, се обиде да ја разјасни ситуацијата

Алваро Арбелоа не започна успешно како тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонс…