Дома Фудбал Легендaтa на Јувентус: Младите треба да го следат примерот на Роналдо, а не на Меси

Легендaтa на Јувентус: Младите треба да го следат примерот на Роналдо, а не на Меси

Во вечната дебата за тоа кој е поголем, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио, го сподели своето јасно мислење. Италијанецот верува дека младите играчи треба да го следат примерот на Роналдо, потенцирајќи дека овие два големи играчи стигнале до врвот на потполно различни начини – Португалецот со неверојатен труд, додека Аргентинецот со вроден талент.

Роналдо и Меси, со вкупно 13 Златни топки, ги поместиле границите на индивидуалниот успех и станале инспирација за милиони. Иако се во позадни години на спортската кариера, не покажуваат знаци на запирање. Четириесетгодишниот CR7 се уште доминира во саудиската Про лига со Ал-Наср, додека 38-годишниот Меси неодамна потпиша нов тригодишен договор со шампионот на MLS, Интер Мајами.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Двајцата докажуваат дека годините не се пречка за оние во врвна форма, и светот на фудбалот со нетрпение го очекува нивниот можен “Последен танц” на Светското првенство 2026. Поранешниот италијански репрезентативец за Gazzetta dello Sport објасни зошто Роналдо е посоодветен пример за младите играчи во споредба со Меси.

“Следете го примерот на Кристијано Роналдо. Ако треба да најдете нешто во некој играч за да станете големи шампиони,следете пример на некој како него, а не на Меси. Зошто? Тој веќе беше ѕвезда, но требаше уште повеќе да се изгради. Многу напорно работеше за да стигне до каде што е, додека другиот [Меси] е талент благословен од Господ, кој речиси и не требаше да се тренира,” изјави Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе бара замена за Салах во јануари? Се проценува на 75 милиони евра.

Ливерпул би можел да започне преговори за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, уште…