Дома Фудбал Легендата на англискиот фудбал поминал низ пекол: Му се заканувале со смрт на Руни!

Легендата на англискиот фудбал поминал низ пекол: Му се заканувале со смрт на Руни!

Вејн Руни, еден од најпознатите фудбалери на англиската сцена, кој доминираше низ европските фудбалски терени играјќи за Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, откри дека во 2004 година бил изложен на смртни закани од страна на навивачите на Евертон.

Тој премина во Манчестер Јунајтед од тимот на „Карамелите“, каде што го мина најголемиот дел од својата блескава кариера. За Манчестер Јунајтед одигра неверојатни 559 натпревари, постигна 253 гола и забележа 142 асистенции!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во текот на 13 години, блескавиот напаѓач го носеше дресот на „црвените ѓаволи“.

Да потсетиме, Вејн Руни освои пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, и во Јунајтед премина на 18 години за 27 милиони фунти.

Добивам закани за убиство. Куќата на моите родители беше вандализирана со графити и уништена. И куќата на мојата тогашна девојка, која сега е моја сопруга, исто така беше вандализирана. Во такви моменти мора да бидеш психички силен и да имаш поддршка од луѓето околу тебе, вели Вејн Руни

Заминувањето беше тежок потег бидејќи преминав во Манчестер Јунајтед, а ривалството помеѓу Ливерпул и Манчестер беше огромно. Но, секогаш ми беше важно да имам став . Знаев што сакам и како да го постигнам тоа, додаде Вејн Руни

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…