Дома Останати Ракомет Легендарниот вардарец Дибиров ја игра последната сезона во кариерата

Легендарниот вардарец Дибиров ја игра последната сезона во кариерата

Рускиот ракометар Тимур Дибиров, еден од најголемите асови на европскиот ракомет и двоен освојувач на Лигата на шампионите со Вардар, објави дека оваа сезона ќе биде неговата последна во професионалниот спорт. Во својата 39-та година, Дибиров одлучи да стави крај на својата извонредна кариера, водејќи се од желбата да се посвети на семејството.

Во изјава за руските медиуми, тој искрено говореше за причините што го натерале да донесе ваква одлука. Најголемиот предизвик за неговото семејство, според него, е разделеноста. Неговата сопруга Ирина и ќерката живеат во Ростов, додека тој е со синот во Загреб, каде што настапува за својот актуелен клуб.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


„Најтешко ни е тоа што не сме заедно. Сакам да ја завршам оваа сезона и потоа да затворам ова поглавје од мојот живот за да се обединимe како семејство,“ изјави Дибиров.

Тимур Дибиров пристигна во Вардар во 2013 година од рускиот клуб Чеховски Медведи. Со црвено-црните минуваше девет незаборавни сезони, оставајќи траен белег со својата играчка класа, несебичност и непоколеблив дух.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометарите на Македонија постигнаа 85 гола на првата контролка во Стара Пазова

Ракометарите на Македонија ја одиграа првата контролка во Стара Пазова и избраниците на Ки…