Дома Фудбал Легендарниот судија за спорниот пенал на Алварез: Да бев јас на теренот, сам ќе ја погледнев снимката

Легендарниот судија за спорниот пенал на Алварез: Да бев јас на теренот, сам ќе ја погледнев снимката

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи ги градските ривали, играчите на Атлетико. По победата на Реал во првиот натпревар со 2:1, Атлетико беше подобар во реваншот пред своите навивачи со 1:0. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше одлучен по пенали каде што Реал беше поуспешен со 4:2. Во четвртфиналето ќе играат против Арсенал, кој со вкупни 9:3 го елиминираше ПСВ.

Откако првите три изведувачи беа прецизни, Хулијан Алварез постигна гол како четврти, но по прегледот на снимката, неговиот гол беше поништен поради двоен допир. Таа ситуација предизвика многу контроверзии, многумина тврдат дека не постоеше двоен допир, но ВАР донесе одлука пеналот да се поништи. Погледнете ги пеналите во приложеното видео од 13:28 минути, а поништениот гол на Алварез е од 14:33 минути.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Предноста на Реал беше анулирана во четвртата серија, во која голманот на Атлетико Јан Облак го прочита и одбрани ударот на Лукас Васкез. Сепак, Маркос Љоренте не успеа да ја потврди таа одбрана и да израмни на 3:3 бидејќи ја погоди стативата. Пласманот на Реал го обезбеди Антонио Рудигер со гол за конечни 4:2.

Легендарниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз, кој сега работи како стручен коментатор, зборуваше за одлуката на главниот судија Шимон Марчињак, кој го поништи погодокот на Алварез. На Лахоз не му се допаѓа што Марчињак не ја прегледа сам снимката.

“Ако толку брзо донесувате одлука, претпоставувам дека имате јасна снимка на ситуацијата. Секогаш ми недостасува транспарентност, за да ја видиме сите ситуацијата низ очите на главниот судија и пред монитор. Со тоа ќе се избегнат контроверзни одлуки кои го нарушуваат спортот”, рече Лахоз за Movistar TV.

“Се прави сè за да се види ситуацијата од секој агол. Да ми ја соопштеа ваква одлука, не би бил мирен додека сам не ја погледнам снимката. Би ја погледнал и одлучил врз основа на неа. Тоа би била моја одговорност, така јас го разбирам судењето.”

Технологијата е корисна, но мора правилно да се користи, судијата мора сам да донесе одлука. На овој начин и понатаму има сомнежи”, изјави Лахоз, кој во 2023 ја заврши судиската кариера, a работеше на Европски и Светски првенства, во Ла Лига, Лигата на шампионите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германска компанија влегува во Тиквеш, клубот добива финансиска инјекција од милион евра!

Екипата на Тиквеш во наредните недели би требало да ја финализира новата сопственичка стру…