Дома Фудбал Легендарниот стратег за Пеп: Ароганцијата го чинеше неколку трофеи во ЛШ

Легендарниот стратег за Пеп: Ароганцијата го чинеше неколку трофеи во ЛШ

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело рече дека Барселона под водство на Пеп Гвардиола обележала една од трите „фудбалски револуции“ кои ги доживеал, но ја оцени дека ароганцијата и желбата да биде „главниот лик“ го спречиле шпанскиот тренер да освои повеќе трофеи во Лигата на шампионите.


“Навистина го ценам Гвардиола како тренер, направи убави работи. Доживеав три револуции во фудбалот, отприлика една на секои 20 години, Ајакс на Кројф, Милан на Саки и Барса на Гвардиола. Немам проблем тоа да го кажам”, рече Капело во интервју за „Ел Мундо“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Капело првпат го запозна Гвардиола кога Шпанецот кон крајот на играчката кариера премина во Рома.

“Никогаш не разговаравме за ништо. Еден ден дојде да ми каже како да ја работам својата работа, а јас му одговорив: ‘Почни да трчаш и потоа можеш да зборуваш’

“Дали знаете што не ми се допаѓа кај Гвардиола? Неговата ароганција. Лигата на шампионите која ја освои со Манчестер Сити беше единствената во која не се обиде ништо чудно во одлучувачките натпревари. Но, во други години, во Манчестер и Минхен, во клучните натпревари, секогаш сакаше да биде главниот лик. Менуваше работи и правеше измислици само за да може да каже: ‘Играчите не победуваат, јас победувам’. И таа ароганција го чинеше неколку титули во Лигата на шампионите. Го почитувам, но тоа го гледам јасно”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако продолжи традицијата стара 46 години, Лигата на шампиони ќе ја освои ПСЖ

Во финалето на оваа сезона на Лигата на шампиони кое ќе се одржи на 31-ви мај на Алијанц А…