Дома Останати Кошарка Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ денеска соопшти дека ја заврши својата извонредна кариера.

Теодосиќ ја завршува кариерата на 39 години, а во изминатите две децении постигна неверојатни успеси. Таа своја одлука ја објави преку емотивно писмо.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


“Драги пријатели, почитувани љубители и познавачи на кошарка,

Пред сè, ви благодарам за 30 години заедничка борба, уживање, радост и тага. Стигна моментот да се збогувам со дел од мојата љубов кон оваа магична игра под обрачите.

Зад мене останува многу желба, борба, одрекување. Освоени трофеи, но и изгубени финалиња. Тоа е кошарката, тоа е животот. Ништо не би променил; сè би го избрал повторно!

Благодарност до моите валевци, мојата Србија. И до сите тренери со кои имав можност да учам кошарка.

Сè уште не ја совладав целосно. Ќе продолжуваме да разменуваме знаење и искуство таа и јас. До крајот на животот. Не би издвојувал поединечни моменти, пресудни минути, најважни натпревари… Бидејќи секој од тие ‘детали’ (тренери, соиграчи) беа важни за мојата кариера.

Најголема благодарност и почит упатувам кон моето семејство. И најголемата гордост е кај нив. Во последно време, сфатив дека најголемото богатство на мојата играчка кариера е што ќе има што да покажам на децата! Само нека пораснат малку повеќе… Пред нив ќе бидам и сум – најисполнет.

Не сакам да направам лична грешка на крајот, затоа иде групна порака: Бескрајно БЛАГОДАРАМ на секој, ама буквално секој соиграч. Сите вие правевте од мене подобар кошаркар. Помнам сè”, порача Теодосиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено колку Леброн Џејмс троши пари на своето тело

Гери Пејтон проценува дека Леброн Џејмс годишно троши скоро два милиони долари за да го &#…