Дома Фудбал Легендарниот Колина предложи промена на правилата, пеналите никогаш повеќе нема да бидат исти

Легендарниот Колина предложи промена на правилата, пеналите никогаш повеќе нема да бидат исти

Претседателот на Судиската комисија на УЕФА и поранешен легендарен арбитер, Италијанецот Пјерлуиџи Колина, предложи промена на правилото при изведба на пенали.

Колина сака да го укине правилото дека играч може да постигне гол од пенал откако голманот ќе го одбрани ударот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Едно решение е правилото за ‘еден удар’. Баш како во пеналите по продолженијата. Нема одбиени топки. Или давате гол или се изведува гол-аут,” изјави Италијанецот.

“Тоа би ги елиминирало и драмите кои ги гледаме пред изведбата на пеналите, кога играчите рано влетуваат во шеснаесетникот,” додаде Колина.

Италијанецот наведува дека просечно се реализираат 75% од пеналите, а често пеналот е поголема шанса од онаа пред фаулот.

Колина е еден од најлегендарните фудбалски судии. Судел од 1988 до 2005 година, а за време на кариерата судил финале на Светското првенство (2002), финале од Лигата на шампиони (1999), финале на Купот на УЕФА (2004), и финале на турнирот на Олимписките игри (1996).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо со “изненадувачка” покана: “Тука секогаш си добредојден”

Фернандо Каро, генерален директор на Баер Леверкузен, отправи критики до Реал Мадрид порад…