Легендарниот шведски фудбалски стратег Свен-Горан Ериксон починал во големи долгови, пренесуваат шведските медиуми врз основа на официјални документи.
Ериксон почина минатиот август по тешка и долготрајна борба со рак на панкреасот. Во текот на 42-годишната кариера, Швеѓанецот водел големи клубови и репрезентации, како англиската репрезентација, но и покрај големите приходи, на крајот почина во долгови.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Семејството на славниот фудбалски стратег е принудено да го продаде неговиот дом за да ги покрие големите долгови кои настанале затоа што Ериксон бил жртва на голема измама.
Имотот на Ериксон беше објавен во вторник, а документите од Шведска покажуваат дека починал со долг од 10 милиони евра, од кои поголем дел се од Велика Британија, каде што неговиот даночен долг е 8,5 милиони евра.
Beloved England coach Sven-Goran Eriksson died ‘£8million in debt’ after battle with cancerhttps://t.co/FVcL8Qsk4G
— LBC News (@LBCNews) January 14, 2025
За да ги отплатат долговите, семејството е принудено да ја продаде неговата луксузна вила во која ги помина последните години од животот.
Откако во кариерата направи големи успеси и заработи вистинско богатство, славниот Швеѓанец изгубил преку 11 милиони евра поради измама. Го измамил финансискиот советник Самир Кан, кој имал неограничен пристап до богатството на Ериксон.
Финансискиот советник потрошил 11 милиони евра на сомнителни инвестиции, вклучувајќи и имотни планови. За сето ова зборуваше и самиот Ериксон во 2013 година.