
Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, остро го критикуваше Мохамед Салах, нарекувајќи ги неговите неодамнешни изјави „срамни“. Карагер верува дека Египќанецот со своите коментари намерно предизвикал „максимална штета“ и го обвини дека се обидува да доведе до отказ на тренерот Арне Слот. Да потсетиме, Салах (33) истакна дека „црвените“ го „предале“ кога Слот го остави на клупа неколку пати.
По саботниот натпревар кога натпреварот на Ливерпул против Лидс заврши нерешено 3:3, Салах изјави дека не постои однос помеѓу него и менаџерот Арне Слот. Тој го обвини клубот дека го „фрла под автобус“ и дека некој на „Енфилд“ сака тој да ја преземе целата вина.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Слот на тоа одговори дека не мисли дека Салах го поткопува неговиот авторитет, но додаде дека „нема поим“ дали Салах ја одиграл својата последна игра за „црвените“. Сигурно е само дека искусниот напаѓач не отпатува со тимот во Италија на натпреварот од Лигата на шампиони против Интер.
Не помина долго пред да се огласи и клубската легенда. Карагер кој претходно водеше вербални напади со Салах, сега повторно го критикуваше египетскиот фудбалер. Во емисијата „Monday Night Football“ на Скај Спортс, не избра зборови.
“Мислам дека е срамно тоа што го направи по натпреварот. Некои тоа го претставуваат како емоционален излив. Мислам дека не е. Секојпат кога Мо Салах настапува во микс зоната, што го направи само четири пати за осум години во Ливерпул, тоа е планирано со него и неговиот агент за да се нанесе максимална штета и да ја зајакне својата позиција”, изјави Карагер.
Потсети на слична ситуација од пред една година. “Тоа го направи пред 12 месеци и го критикував за тоа. Играше на емоциите на навивачите на Ливерпул. Сега чекаше на лош резултат и го избра токму тој момент за да го нападне тренерот и можеби да го доведе до отказ кога сите во клубот се на дното.”
Карагер не застана тука, обвинувајќи го Салах дека тој е тој што го фрлил клубот под автобус. “Еден израз што го истакнува е ‘фрлен под автобус’. Го фрли клубот под автобус двапати последните 12 месеци. Требаше да го даде сето што може за да му помогне на клубот да се извлече од најлошата серија низ која поминале од 1950-тите, а тоа не го направи”, додаде поранешниот дефанзивец.
“Не беше голема ѕвезда пред да дојдеш во Ливерпул, не си освоил многу за Египет, без разлика на тоа колку си голем, ти е потребна помош од твоите соиграчи, тренерот и навивачите. А кога зборуваш, се е само за мене, мене, мене.”