Дома Фудбал Легенда со изненадувачки коментар за Алонсо, некогаш играле заедно: “Не му посакувам среќа…”

Легенда со изненадувачки коментар за Алонсо, некогаш играле заедно: “Не му посакувам среќа…”

По две извонредно успешни сезони во Баер Леверкузен, Чаби Алонсо официјално ја презеде клупата на Реал Мадрид, наследувајќи го Карло Анчелоти.

Првиот предизвик за новиот тренер на “кралскиот клуб” го чека на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД.

Маскерано за Алонсо: “Не му посакувам среќа бидејќи го води Реал Мадрид”

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во пресрет на турнирот, по натпреварот на Интер Мајами и Ал Ахлијa (0:0), новинарите го прашаа тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, за неговиот поранешен соиграч од Ливерпул.

“Сигурен сум дека Чаби Алонсо ќе направи одлична работа во Мадрид, како што направи и во Леверкузен. Тој е фантастична личност и ми беше чест да играм со него три години,” изјави Маскерано, а потоа на насмевка додаде:

“Не му посакувам среќа бидејќи го води Реал Мадрид.”

Оваа изјава доаѓа со доза на шега, бидејќи Маскерано осум години играше за Барселона, со која освои две титули во Лигата на шампионите и пет титули првак на Шпанија. Во моментот, во неговиот Интер Мајами играат и поранешни легенди на Барселона – Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…