Дома Останати Ракомет Легенда на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампиони

Легенда на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампиони

Рускиот ракометар Тимур Дибиров, кој со години беше еден од најпрепознатливите играчи на скопски Вардар, утре ќе го одигра својот последен натпревар во ракометната Лига на шампиони.

Неговиот актуелен клуб, ППД Загреб, веќе ги загуби шансите за осминафинале, а последниот меч од групната фаза го игра против полскиот Киелце. Со тоа, Дибиров ќе ја затвори својата импресивна европска кариера на највисоко ниво.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Искусниот крилен ракометар, кој во јули ќе наполни 42 години, во текот на својата богата кариера настапуваше за само три клуба: Чеховски Медведи, Вардар и Загреб. Најдлабока трага остави во Скопје, каде што беше дел од тимот што двапати ја освои Лигата на шампионите и стана вистинска легенда на македонскиот ракомет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометната федерација на Македонија избра нов ВД генерален секретар

Ракометната федерацијата денеска на првото собрание на новиот Управен одбор го избра новио…