
Познатата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, се соочи со вознемирувачки момент кој го направи херој во неговиот роден Еквадор. Тој спаси еден млад човек во главниот град Кито, откако забележа дека се обидува да си го одземе животот.
По завршувањето на неговата кариера пред четири години, Валенсија (39) се врати во Еквадор, каде што живее денес. Таму доживеа непријатна и драматична ситуација, но среќно, сè заврши на најдобар можен начин.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот страничен играч на Манчестер Јунајтед од славната ера под водство на Алекс Фергусон, го забележа младиот човек на мост кој имаше намера да направи трагичен потег. Додека минуваше, гледајќи што се случува, не се двоумеше и веднаш се вклучи и го спаси.
“Синоќа доживеав искуство кое беше многу тешко. Еден млад човек сакаше да го прекине својот живот на овој мост, и беше многу млад. Излегов од автомобилот и му пријдов. Не сум тој што го спаси, но разговарав со него. Се обидов да кажам неколку зборови како мотивација, но беше крајно тешко”, изјави Валенсија и сподели фотографија од драматичните моменти.
Еквадорецот објасни што следеше потоа. Среќа во несреќата, додека разговарал со младиот човек, стекнал време и неговото семејство пристигнало навреме за да го спаси.
“Благодарност до Бога што членовите на неговото семејство пристигнаа тогаш. Тој одлучи да не си го одземе животот. Ве молам, чувајте ги себе си, вашите умови и срца. Менталното здравје е многу важно. Ве молам, грижете се за ова, животот е многу кревок”, додаде Валенсија.
На објавата се надоврза и неговиот поранешен соиграч од Јунајтед, Андреас Переира, кој напиша: “Одлична работа, брате”, истакнувајќи ја реакцијата на Валенсија.
Инаку, Антонио Валенсија цели 10 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и со клубот освои две титули прваци на Европа.
🚨 ¡HÉROE EN SILENCIO! 🙌⁰
— TERADEPORTES (@Teradeportes) July 29, 2025
Antonio Valencia detuvo su auto al ver a un joven por lanzarse de un puente 😱⁰Con diálogo, empatía y valentía, logró convencerlo de no quitarse la vida 💔🙏
Un acto que no se ve… ¡pero que salva! 👏
🎥 @anto_v25pic.twitter.com/5KJbnYp7hB