Дома Останати Кошарка Леброн остро го нападна сопственикот на Далас по срамните зборови кон Дончиќ

Леброн остро го нападна сопственикот на Далас по срамните зборови кон Дончиќ

Сопственикот на Далас Маверикс Патрик Думонт ги објасни причините зошто се одлучи да се ослободи од Лука Дончиќ и во шокантна размена го испрати во ЛА Лејкерс за Ентони Дејвис. Думонт индиректно го обвини Словенецот за мрзеливост, а неговиот нов соиграч Леброн Џејмс остро реагираше на зборовите на сопственикот на тимот од Тексас.

„Мислам дека тимовите победуваат со посветност, имајќи го вистинскиот карактер, вистинската култура и вистинската посветеност на што потешка работа за да се создаде шампионски резултат. Ако тоа не го правите, ќе губите. Ако не сте фокусирани на победите, работата не функционира и не треба да бидете дел од Далас Маверикс“, рече Думонт.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Тие зборови не му се допаднаа на Леброн Џејмс, кој набрзо на социјалните мрежи објави коментар за изјавата на Думонт.

„Кога кловнот ќе се всели во палата, не станува крал, туку палатата станува циркус“, посочи Леброн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клиперс потврди: Богдановиќ доби соиграч од Бруклин

Досегашниот кошаркар на Бруклин, Бен Симонс, ноќеска потпиша за Лос Анџелес Клиперси, обја…