Дома Фудбал Лажни Чави и Пеп „се пријавиле“ за селектор на Индија

Лажни Чави и Пеп „се пријавиле“ за селектор на Индија

Фудбалот често привлекува различни видови измамници, а Фудбалската федерација на Индија може да каже дека на необично смешен начин била цел на една таква измама – или поточно, обид за измама.

Веднаш откако Маноло Маркез поднесе оставка на позицијата селектор на Индија со цел да се врати во Гоа, клуб каде што веќе имал тренерска позиција, Фудбалската федерација на Индија објави оглас за нов селектор.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Стигнале неверојатни 170 пријави, но две се посебно истакнале. За позицијата селектор на Индија „се пријавиле“ поранешниот тренер на Барселона, Чави, и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Извршниот директор на Фудбалската федерација на Индија минатата недела јавно изјави дека XЧави покажал интерес за селекторското место. Тврдењата биле дека пријавата дошла од неговата официјална е-пошта, но федерацијата ја отфрлила „поради финансиски причини“. Логично – виделе листата и си помислиле: „ова за нас е сигурно прескапо“, но сепак, ајде да се пофалиме пред медиумите…

Сепак, се покажа дека ќе било подобро да биле тивки за овој случај.

„Фудбалската федерација на Индија доби пријави на конкурсот од двајца шпански тренери – Чави и Пеп Гвардиола. Сепак, не можеме да потврдиме автентичноста на овие пријави, и во меѓувреме се покажа дека тие се лажни“, соопштија од федерацијата.

На крајот, по разгледување на сите пријави – и вистински и лажни – федерацијата го намали списокот на кандидати на три имиња: поранешниот индиски фудбалер Халид Јамил, поранешниот селектор на Индија Константино и поранешниот селектор на Словачка, Штефан Таркович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија утре ја чека пекол во Букурешт!

Шкендија со минимални 1-0 го доби првиот дуел против ФКСБ (поранешна Стеауа) на арената „Т…