
Македонската ракометна репрезентација загуби од Данска со 24-36 во првото коло од Европското првенство (ЕП), а на теренот не беа Никола Митревски и Жарко Пешевски.
Вчера, по мечот со Данска, селекторот Кире Лазаров откри зошто двајцата искусни играчи не биле дел од составот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Митревски и Пешевски имаат помали проблеми со повреди и заедно со медицинскиот тим одлучивме да ги поштедиме. Верувам дека во следните два дена ќе успееме целосно да ги рехабилитираме и да ни бидат на располагање за натпреварот со Португалија“, кажа селекторот Лазаров.