
Селекторот Кирил Лазаров денеска го објави проширениот список од 35 ракометари што ќе ги минат последните филтри пред формирањето на националниот тим за континенталниот собир, кој на почетокот од следната година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
Проширувањето на листата не донесе големи промени. Лазаров остана верен на добро познатото јадро, од кое ќе се искристализира тимот за подготвителниот турнир „Жолтиот Куп“ во Винтертур, а потоа и за настапите во Хернинг на Европското првенство.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Ждрепката ја смести Македонија во силна група, заедно со домаќинот Данска, како и селекциите на Романија и Португалија, каде нашите ракометари ќе ја бараат својата шанса за чекор напред на шампионатот.
Голмани:
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Битигхајм, Германија)
Марко Кизиќ (Алкалоид)
Иван Галевски (Алкалоид)
Васил Гогов (Вардар 1961)
Леви крила:
Гоце Ојлески (Охрид)
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Иван Џонов (Алкалоид)
Марио Стојановски (Вардар 1961)
Димитар Димитриоски (Прилеп)
Десни крила:
Никола Костески (Алкалоид)
Ненад Костески (Алкалоид)
Ален Ќосевски (Вардар 1961)
Александар Петковски (Алкалоид)
Средни бекови:
Игор Ѓорѓиев (Алкалоид)
Марко Митев (Алкалоид)
Дамјан Митев (Алкалоид)
Марио Танкоски (Вардар 1961)
Мартин Ивановски (Алкалоид)
Десни бекови:
Мартин Серафимов (Алкалоид)
Томислав Јагуриновски (Охрид)
Филип Николов (Бутел Скопје)
Мартин Велковски (Алкалоид)
Давид Савревски (Охрид)
Леви бекови:
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција)
Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Милан Лазаревски (Вардар 1961)
Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер
Дефанзивци:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Михаил Аларов (Алкалоид)