Дома Фудбал Лапорта повторно триумфираше на изборите: Никој нема да нè запре!

Лапорта повторно триумфираше на изборите: Никој нема да нè запре!

Жоан Лапорта четврти пат стана претседател на Барселона и на таа функција ќе биде до 2031 година. Неговото повторно избирање беше потврдено со резултатите од претседателските избори, на кои убедливо победи листата на Лапорта.

Лапорта освои 32.934 гласа, односно 68,18 проценти, додека Виктор Фонт доби 14.385 гласа или 29,78 проценти. На изборите гласале 48.480 членови, а излезноста изнесуваше 42,34 проценти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Никој нема да нè запре. Пред нас се возбудливи години. Ќе бидат најдобрите во нашите животи. Ова е прекрасен клуб во кој членовите го избираат претседателот и управниот одбор. Клуб единствен во светот, навистина извонреден,“ рече Лапорта во победничкиот говор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио силно го критикуваше Милан: Милан е тим без карактер

Паоло Ди Канио остро го критикуваше Милан по неделниот пораз со 1:0 од Лацио во Серија А, …