Дома Фудбал Лапорта потврди дека ќе ја плати клаузулата за Вилијамс, но имаше и порака за Атлетик Билбао

Лапорта потврди дека ќе ја плати клаузулата за Вилијамс, но имаше и порака за Атлетик Билбао

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, учествуваше на турнир во голф организиран од Роналд Куман, а потоа зборуваше со медиумите за актуелната состојба во Барселона.

Актуелната тема е секако Нико Вилијамс. Клубот од Билбао дури и издаде соопштение во кое се поставува прашањето за способноста на Барселона да доведува играчи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дали е подготвен да го плати Нико Вилијамс? Станува збор за сумата што е потребна за плаќање на клаузулата која изнесува 58 милиони евра.

Ние сме подготвени, ако некоја пазарна можност подразбира плаќање клаузула и ако одлучиме да ја искористиме таа можност, да го направиме потребното“, рече тој.

На крајот имаше и порака за Билбао.

„Бидејќи немаме што да криеме, нека не контролираат, нема проблем. Сакаме сите да бидат третирани по ист аршин, и во тој поглед не се чувствуваме ни оштетени ни прогонувани, правиме работи исправно, не мораме ништо да криеме и она што ќе се обидеме да го направиме е токму тоа – да ги искористиме пазарните можности“, кажа тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спас во последен момент: Алегри инсистира на Рабио

Масимилијано Алегри беше многу незадоволен по поразот од Кременезе во Серија А и отворено …