Дома Топ вести Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат дека можат да дојдат до потписот на Виктор Ѓекереш кој е еден од најпосакуваните напаѓачи во Европа.

Раководството на Барселона според последните информации е подготвено да ги исплати потребните 70 милиони евра за трансферот на напаѓачот следното лето, но и да го остави на позајмица во Спортинг една година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барселона го има Левандовски кој се уште игра во добра форма, па за Швеѓанецот да не ја дели минутажата со Полјакот Ѓекереш ќе одигра уште една сезона во Спортинг.

Сезонава Ѓекереш одигра 19 натпревари во сите натпреварувања за Спортинг и зад своето име има 24 погодоци и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…