Дома Фудбал Лапорта на „слатки маки“: Барселона треба да биде меѓу Левандовски и Кејн

Лапорта на „слатки маки“: Барселона треба да биде меѓу Левандовски и Кејн

Легендарниот Роберт Левандовски е во последната година од договорот, но не брза со одлуката за продолжување на кариерата.

Тој зборуваше за медиумите по ремито меѓу Полска и Холандија, и секако дека неговата иднина беше едно од прашањата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Целосно сум смирен. Уште не знам каде ќе бидам или што ќе посакам за неколку месеци. Но, не морам да брзам, имам доволно време да размислам и да ја донесам најдобрата одлука. Наскоро ќе одлучам, но знам дека ќе зависи од многу фактори, не само спортски, туку и емоционални”, рече Левандовски.

Инаку, се шпекулира дека Барселона е подготвена да тргне по Хари Кејн, по истиот принцип како и со Левандовски – една година пред истекот на договорот со Бајерн Минхен.

Каталонските медиуми го потврдија пишувањето на англиски Гардијан дека Кејн е избран како најреална опција. Ерлинг Халанд е нереална желба на Жоан Лапорта, исто како и Хулијан Алварез, кого Атлетико Мадрид нема лесно да го пушти во редовите на големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…