
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, открива дека Лионел Меси одбил да се поздрави со него на церемонијата за доделување на „Златната топка“ во 2023 година.
Меси присуствуваше на оваа свеченост како светски шампион со Аргентина, каде што освои рекордна осма „Златна топка“. Тој не изрази желба да се сретне со познатото лице од Камп Ноу.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Иако Меси и Лапорта од тоа време имаа неколку средби, атмосферата остана напната, што и самиот претседател на клубот го потврди.
Во изјава за Каталуња Радио околу неочекуваното избегнување, тој изјави дека односот со Меси не е како порано.
“Имаше и непријатен момент на доделата на „Златната топка“, кога се обидов да се поздравам, но тој сметаше дека не би требало. Од тогаш дојде до мало приближување и се надеваме дека тоа во иднина ќе продолжи. Односот е напнат, но тој е икона на Барселона,” изјави Лапорта.