Дома Фудбал Доби критики од Мбапе, па остана без настап на последните три натпревари

Доби критики од Мбапе, па остана без настап на последните три натпревари

Франко Мастантуоно дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, а по сè изгледа, не и за сегашноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот не запиша ниту една минута на последните три натпревари против Реал Сосиедад, Бенфика и Осасуна, а притоа поради повреди се отсутни Родриго и Џуд Белингем.

Мастантуоно последните минути ги запиша на гостувањето на „Месталја“, осми февруари, кога влезе кон крајот, но тогаш направи „фатална“ грешка.

Имено, во една акција не му подаде топка на Килијан Мбапе, кој му забележа на тоа, што се виде и во преносот. Читачите на усни потоа открија дека Мбапе го пцуел Аргентинецот и силно го критикувал поради таквата одлука.

Мадридските медиуми не сугерираат дека Арбелоа поради тој случај го отстрани Аргентинецот, но не кријат како факт дека Мастантуоно одигра само тие девет минути и дека по критиките од Мбапе повеќе не бил на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …