Дома Фудбал Лапорта: Изгледа дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

Лапорта: Изгледа дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

Жоан Лапорта официјално ќе ја преземе должноста во неговиот трет мандат како претседател на Барселона на 1 јули. По победата на изборите на 23 март, го чека моментот кога повторно ќе ги преземе уздите на клубот. Во меѓувреме, главниот одговори на прашања од “Ел Паис” за неговиот претстојен мандат, како и за некои деликатни теми од минатото.

Заминувањето на Меси
Направив она што требаше да го направам. […] Лео беше на крајот на својата кариера и требаше да се изгради нов тим. Дали би сакал да го изградам новиот тим со помош на Лео? Да. Се обидовме, но не успеавме.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Случајот „Негрејра“
Секогаш сум имал чувство дека треба да бидеме многу подобри од другите, затоа што судиите не ни помагаат. Тука изгледа дека секогаш му помагаат на Реал Мадрид. Тие патат од „барселонит“, тоа е очигледно. Сега критикуваат што сме вработиле некого кој бил потпретседател, додека тие имале претседатели на судиската комисија поврзани со Мадрид.

Флорентино Перес
Од долго време (не сме разговарале). Откако тој се појави по случајот „Негрејра“, односите се влошија. Решивме да ја напуштиме Суперлигата поради недостаток на смисла: проектот не се конкретизираше, а ние веќе им го имавме кажано тоа. Покрај тоа, УЕФА преземаше мерки за подобрување на одржливоста на фудбалот во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …