Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезона.
Барселона следната сезона ќе ја засили својата одбрана, бидејќи ќе им се приклучи германскиот репрезентативец Џонатан Тах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанскиот новинар Карлос Монфорт минатата недела на социјалните мрежи извести дека двете страни практично постигнале договор. Ханси Флик наводно е голем поборник за овој трансфер, бидејќи има конкретен план за фудбалерот.
Сега имаме дополнителна потврда дека постои договор меѓу каталонскиот клуб и германскиот претставник, односно оваа информација ја објави италијанскиот новинар Танкреди Палмери.
„Џонатан Тах, германскиот дефанзивец на Баер Леверкузен, чија соработка истекува, постигнал договор со Барселона. 28-годишниот фудбалер беше предмет на интерес и од Интер и Јувентус, кои размислуваа за потпишувањето на Германецот во зимско време“, објави Палмери.
Тах не сакаше да го продолжи договорот со Баер Леверкузен, затоа што сакаше да направи нов чекор во кариерата.