
Френк Лампард и Ковентри Сити се предупредени дека би било „катастрофа“ ако оваа сезона не обезбедат директно влегување во Премиер лигата, со оглед на тоа колку понекогаш беа доминантни во Чемпионшип-лигата. Легендата на клубот Гари Мекалистер објасни зошто „големата одлука” да се доведе Лампард се исплатила за клубот кој е надвор од највисокото ниво веќе 25 години, пишува Goal.com.
Ковентри беше редовен член на Премиер лигата од нејзиното основање во 1992 до испаѓањето на крајот од сезоната 2000/01. Следеше пад во пониски рангови, а клубот допре дното во 2017 година со испаѓањето во Лига две, четвртиот ранг на англискиот фудбал. Две промоции во три сезони го вратија Ковентри во борбата за врвот, а оттогаш два пати обезбедија и плеј-оф. Сега, Лампард е човекот задолжен за исполнување на големите очекувања.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во еден момент од сезоната неговиот тим имаше 10 бода предност, но таа разлика се намали на само два бода. Сепак, Ковентри повторно фати залет и сега има осум бодови повеќе од третопласираната екипа, а во клубот повторно се размислува за борба за титулата.
Со оглед на тоа што Лампард ја обновува својата тренерска репутација по тешките периоди во Челси и Евертон, еден од најголемите предизвици за Ковентри би можел да биде задржувањето на 47-годишниот стручњак. Поранешниот напаѓач на клубот Клинтон Морисон смета дека Лампард нема намера за брзо заминување.