
Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Шпанија, Ламин Јамал, веќе направи значителен чекор напред на листата на најплатени фудбалери. Според финансискиот магазин Форбс, Јамал е на 10. место со приходите од 37 милиони евра за минатата сезона.
Најголема причина за овој финансиски скок се договорите за спонзорства со многу познати компании како што се Adidas, Konami, Powerade и Beats by Dre, бренд на слушалки под водство на музичкиот продуцент и поранешен репер Dr. Dre. Во текот на минатата сезона, Јамал постигна 18 голови и направи 25 асистенции.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Минатата година го освои Европското првенство со Шпанија, како и титулата на Шпанија и Купот на кралот со Барселона. Подпиша нов договор со Барселона кој важи до 2031 година. На чело на листата на Форбс и понатаму е Кристијано Роналдо.
Португалецот минатата сезона заработи 240 милиони евра во Саудиска Арабија, настапувајќи за Ал Наср. Веднаш по него е Лионел Меси со значително пониски приходи од 110 милиони евра. Првите три ги заокружува уште една ѕвезда надвор од Европа, Карим Бензема, кој заработи 89 милиони евра во минатата сезона.
Најплатени фудбалери според Форбс во минатата сезона:
1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср): 240 милиони евра
2. Лионел Меси (Интер Мајами): 110 милиони евра
3. Карим Бензема (Ал-Итихад): 89 милиони евра
4. Килијан Мбапе (Реал Мадрид): 81 милион евра
5. Ерлинг Холанд (Манчестер Сити): 60 милиони евра
6. Винисиус Јр (Реал Мадрид): 51 милион евра
7. Мохамед Салах (Ливерпул): 47 милиони евра
8. Садио Мане (Ал-Наср): 37.5 милиони евра
9. Џуд Белингам (Реал Мадрид): 37.5 милиони евра
10. Ламин Јамал (Барселона): 37 милиони евра