Дома Фудбал Ламин Јамал и Деклан Рајс се меѓу номинираните за наградата „Пушкаш“

Ламин Јамал и Деклан Рајс се меѓу номинираните за наградата „Пушкаш“

ФИФА номинираше 11 гола што ќе се натпреваруваат за наградата „Пушкаш“, која традиционално се доделува на фудбалерот што постигнал најспектакуларен гол во годината. Во овој случај, релевантниот период е од 11 август 2024 до 2 август 2025 година. Системата за гласање веќе е отворена.

Најпопуларните имиња меѓу номинираните се големата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал и играчот од средината на Арсенал, Деклан Рајс. Шпанецот се бори за признанието со својот фантастичен гол во дербито со Еспањол на 15 мај, со победата на кое Барса си ја обезбеди шампионската титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичанецот се натпреварува со вториот од своите два извонредни слободни удари, со кои не остави шанси на Тибо Куртоа при победата на Арсенал над Реал Мадрид на 8 април.

Останатите номинирани се Алерандро, Алесандро Дејола, Педро де ла Вега, Сантијаго Монтиел, Амр Насер, Карлос Орантиа, Лукас Рибеиро, Ризки Ридхо и Кевин Родригес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт во кариерата на Влаховиќ – ќе стави потпис на (не)очекуван договор!?

На крајот од тековната сезона, Душан Влаховиќ останува без договор со Јувентус. Сепак, мож…