Дома Фудбал Ламин Јамал е најскапиот фудбалер во светот

Ламин Јамал е најскапиот фудбалер во светот

Фудбалската сезона заврши за клубовите, освен за оние кои ќе учествуваат во Светското клупско првенство или чии првенства се одвиваат според календарска година, а не од лето до лето.

Овој момент беше идеален за Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) да направи нова студија, чија цел е да ги информира фудбалските фанови кои играчи се најскапи во моментот и колку би чинеле евентуалните нивни трансфери.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Убедливо прв на оваа листа е младиот талент на Барселона Ламин Јамал, чија трансферна цена се оценува на неверојатни 402,3 милиони евра.

Многу зад шпанецот, со цена од 239,6 милиони евра, на второ место е напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Холанд.

Повеќе од 200 милиони би чинел само уште трансферот на Џуд Белингам од Реал Мадрид, проценет на 233,8 милиони. Останатите 17 играчи на листата се во опсег од 100 до 200 милиони евра, со тоа што на чело е уште една ѕвезда на Реал – Килијан Мбапе со цена од 192,5 милиони евра.

Топ 5 на листата го дополнува офанзивниот играч за врска на Бајерн (Минхен) Џамал Мусиала, за кого CIES смета дека би чинел 154,8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…