Дома Фудбал Ладно збогување на Њукасл со Исак – не му кажа ниту благодарам (Фото)

Ладно збогување на Њукасл со Исак – не му кажа ниту благодарам (Фото)

Повеќемесечната сага околу Александар Исак заврши со неговото преминување од Њукасл во Ливерпул последниот ден од трансферниот период за британски рекорден трансфер.

Клубот од Сент Џејмс Парк се збогува со шведскиот напаѓач на начин недостоен за еден голем клуб од земја каде што е речиси задолжително џентлменското однесување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ливерпул го доведе Исак во последниот ден од предониот период за 144 милиони евра, а Њукасл одлучи да ги игнорира сите достигнувања на Швеѓанецот кој во 109 натпревари постигна 62 гола, а со еден од нив во март помогна да го освојат Лига Купот, нивниот прв трофеј по 56 години чекање.

Иако културата воопшто налага клубовите, дури и кога не се разделуваат со играчот во пријателски тон, барем да се заблагодарат на придонесот, Њукасл не го направи тоа.

Всушност, Њукасл целосно ги занемари головите на Исак и учеството во освојувањето на трофејот по 56 години чекање.

Њукасл објави краток текст од само 31 збор, како соопштение за неговата продажба, а проценката за читање трае само една минута.

“Њукасл јунајтед објавува продажба на напаѓачот Александар Исак на Ливерпул за значителна, рекордна британска трансферна компензација. Шведскиот репрезентативец се приклучи на ‘сврчките’ од Реал Сосиедад во 2022 година и забележа 109 настапи во сите натпреварувања”, е целосната изјава на клубот од Сент Џејмс Парк.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…