Дома Фудбал Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Денес пристигна потврда – Ханси Флик доби еден меч суспензија поради црвениот картон во завршницата од натпреварот меѓу Барселона и Жирона.

Барселона веднаш по натпреварот вложи жалба, но дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби и денес потврди дека Ханси Флик нема да биде на располагање на неговиот тим во неделното “Ел Класико”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонските извори пишуваат дека Барселона ќе се обиде да вложи уште една жалба, бидејќи во клубот и натаму веруваат дека Германецот е престрого исклучен, но малку кој верува дека Ла Лига ќе ја промени својата одлука.

Да потсетиме, по натпреварот и самиот Ханси Флик изјави дека не му е јасно зошто добил црвен картон, односно истовремено два жолти и автоматско исклучување.

Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е на програмата во недела во 16.15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо пред најтешката одлука во животот: На синот мора да му ја каже вистината за неговата мајка

Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери во историјата, повторно се најде во цент…