Дома Фудбал Англија Kлоп: Сигурен сум дека Џерард еден ден ќе биде тренер на Ливерпул

Kлоп: Сигурен сум дека Џерард еден ден ќе биде тренер на Ливерпул

Германскиот стратег на клупата на Ливерпул е сигурен дека еден ден Џерард сигурно ќе биде тренер на Ливерпул.

Овој викенд Џерард како тренер на Астон Вила доаѓа на „Енфилд“ и порача дека ги сака бодовите, без разлика на емоциите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се враќам во клуб каде поминав многу години и тоа ме тера да се смеам поради две причини. Од една страна имам добри односи со многу луѓе во клубот. Поминав фантастични години тука, јас сум дете од овој клуб и секогаш ќе го поддржувам“.

Јирген Клоп е убеден дека Џерард ќе има прилика да го води Ливерпул.

„Нормално дека Џерард еден ден ќе биде тренер на Ливерпул. Исто беше и со Френк Лампард во Челзи. Стивен е млад и не е прашање дали ќе може да ја работи работата, туку колку долго. Кога и да се случи да дојде во Ливерпул, верувам дека ќе биде за доброто на сите“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…