Францускиот шампион ПСЖ е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Кварацхелија.
Како што пренесуваат Фабрицио Романо и Скај Италија, веќе се водат преговори меѓу клубот предводен од Луис Енрике и Наполи.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Трансферот би можел да биде вреден меѓу 70 и 80 милиони евра, а Грузиецот е во преговори со Парижаните околу личните услови и тие се во тек – пишува каталонскиот весник Мундо Депортиво.
Според италијанските медиуми, ПСЖ е подготвен да вклучи некои играчи во операцијата за потпишување на Кварацхелија, а еден од нив е и словачкиот централен бек Милан Шкринијар.
Кварацхелија (23) се пресели во Наполи во јули 2022 година, а клубот од стадионот Марадона за него плати 13,3 милиони евра на Динамо Батуми.
Тој беше еден од најзаслужните што тимот од јужна Италија го освои Скудетото во сезоната 2022/23 (по 33-годишна пауза).