Дома Фудбал Куртоа со детали за состојбата во соблекувалната на Кралевите, па ги спореди Анчелоти и Алонсо

Куртоа со детали за состојбата во соблекувалната на Кралевите, па ги спореди Анчелоти и Алонсо

Долгогодишниот чувар на голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е познат по својата отвореност кон медиумите. Сега отворено зборуваше за состојбата во редовите на Реал Мадрид.

Суперѕвездата на Реал Мадрид даде позитивна слика и изјава за соблекувалната на Бернабеу, и покрај бројните гласини и пишувања во медиумите за незадоволство во тимот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Повеќе текстови во локалните шпански медиуми ги доведоа во прашање односите помеѓу Алонсо и некои играчи, но Куртоа ги негираше таквите тврдења без многу дилема.

Поранешниот тренер Анчелоти изјави минатата недела дека „нерешено во Мадрид често е синоним за криза“, а Куртоа смета дека тензиите се претерано истакнати.

„Секогаш има повеќе бучава однадвор отколку внатре. Не критикуваат и за еден нерешен натпревар. Играти на теренот на Рајо секогаш е тешко. Мораме да напредуваме. Не чека густ распоред. Мораме задолжително да го победиме Елче“, рече Courtois.

Во контекст на наводното незадоволство во соблекувалната, смената на тренерот, доаѓањето на Алонсо наместо Анчелоти, познат по тоа што знае да ги држи ѕвездите под контрола.

Тоа предизвика многу расправи низ планетата и меѓу навивачите на Реал Мадрид. Куртоа признава дека тоа беше важен момент.

„Анчелоти беше како татко или дедо. Чаби е помодерен. Тоа се два врвни тренери, секој со својот стил. Да кажеме дека ни недостасува Анчелоти би било непочитување кон Алонсо. Во добри односи сме со Чаби“, рече голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Каква сцена на тренингот на Реал: Винисиус го понижи Алонсо пред сите

Реал Мадрид во среда навечер во Грција игра против Олимпијакос, а на тренингот пред ова го…