
Помина еден месец од „Ел Класико“, во кој Реал Мадрид ја победи Барселона 2:1 на Сантјаго Бернабеу. Дербито беше полно со тензии од обете страни, а на тоа се осврна долгогодишниот голман на Реал, Тибо Куртоа. Белгиецот учествуваше во судирот со Ламине Јамал, кој претходно расправаше со Дани Карвахал, бек на Реал и шпански репрезентативец.
Јамал пред натпреварот ја „загреа” атмосферата бидејќи изјави дека играчите на Реал секогаш се жалат дека им се крадат победи. Минатата сезона Реал остана без трофеј, но оваа сезона игра најдобро во првенството и има три бода предност пред Барселона.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Ламине Јамал зборуваше многу и ја потпали атмосферата пред натпреварот и новинарите го искористија тоа. Го видов дека на натпреварот зборуваше со Карвахал. Секако, ако започне тој да зборува, јас ќе реагирам. Веќе споменав дека атмосферата беше наелектризирана. Тензиите беа високи, адреналинот работеше.
Понекогаш во такви услови се кажуваат непотребни зборови. Ел Класико е такво, ни треба таква атмосфера. Минатата сезона загубивме од Барселона четири пати. Тие се нашите ривали. Не’ почитуваа ни кога победуваа, не не’ почитуваат ни сега. Немам проблем со Јамал, судирите се нешто што се случува на теренот.
Ако го видам утре во ресторан, би го поздравил. Нема проблем меѓу мене и него, но судирите некогаш се случуваат во фудбалот. Тоа што го направи пред натпреварот беше налевање масло на огнот. Тоа не’ мотивираше во Ел Класико уште повеќе од обично”, изјави Куртоа за COPE.