Дома Фудбал Култниот англиски клуб е блиску до враќање во Премиер лигата!

Култниот англиски клуб е блиску до враќање во Премиер лигата!

Фудбалерите на Лидс Јунајтед остварија важна победа на гостувањето против Шефилд Јунајтед со резултат 3:1 во клучниот натпревар од 34. коло на Чемпионшипот. Ова дерби меѓу двата водечки клуба на табелата се одигра во понеделник навечер на стадионот Брамал Лејн. Шефилд Јунајтед поведе во 14. минута по несреќната интервенција на голманот на Лидс, Илан Меслие. По одбраната на ударот на Калум О’Харе, Меслие несреќно ја упати топката во сопствената мрежа.

Лидс израмни резултат во 72. минута, кога Жуниор Фирпо со прецизен удар со глава ја заврши акцијата по центаршутот на Даниел Џејмс. Во самиот финиш на натпреварот, Лидс успеа да го сврти резултатот. Ао Танака во 89. минута со глава ја погоди мрежата по корнерот, додека Џоел Пиро само минута подоцна со силен удар од далечина го постави конечниот резултат од 3:1 за гостите.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Оваа победа претставува петта последователна триумф за Лидс, кои во последните осум кола освоија дури 22 од можните 24 поени. Екипата е непоразена веќе 16 лигашки натпревари, што им дава значачна предност во борбата за враќање во Премиер лигата.

Лидс сега имаат пет поени предност пред второпласираниот Шефилд Јунајтед, додека пред трето пласираниот Барнли имаат седум поени. Со оглед на моменталната форма, многумина сметаат дека Лидс е на добар пат да се врати во елитното натпреварување по две сезони отсутност.

Борбата за второ место, кое исто така обезбедува директен влез во Премиер лигата, како и за последните две места кои водат во квалификациите, ветува возбудлив завршеток на сезоната во Чемпионшипот. До крајот на сезоната се играат уште 12 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер закажа полуфинале против Милан

Интер обезбеди место во полуфиналето на италијанскиот куп, победувајќи го Лацио на „Џузепе…