Дома Фудбал Крсте Велкоски се врати во Сараево

Крсте Велкоски се врати во Сараево

Фудбалскиот клуб Сараево денес потврди дека Крсте Велкоски се вратил во клубот како технички директор.

Во својата нова улога, Велкоски ќе биде клучната спојка помеѓу спортскиот сектор, делувајќи како мост помеѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и фудбалската академија. Неговата главна задача ќе биде стратешко поврзување на сите спортски сегменти, од младинските селекции до сениорскиот тим, со цел да се изгради јасна, препознатлива и долгорочно одржлива спортска филозофија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покрај тоа, тој ќе биде задолжен и за соработка со новите играчи кои доаѓаат во клубот, помагајќи им полесно да се адаптираат и да ги разберат вредностите и идентитетот на “Бордо семејството”.

Велкоски првпат пристигна во Сараево на почетокот на 2014 година од Работнички. Две години подоцна замина во Јужна Кореја во Инчеон Јунајтед. Се врати во „Кошево“ во летото 2017 година и остана следните пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…