Дома Фудбал Крсте Велкоски се врати во поранешниот клуб со нова улога

Крсте Велкоски се врати во поранешниот клуб со нова улога

Фудбалскиот клуб Сараево денеска објави дека Крсте Велкоски е новиот технички директор на клубот. Со ова враќање, тој повторно ќе рабои на местото каде што доживеа големи успеси во својата кариера.

Во новата улога како технички директор, Велкоски ќе биде главната врска помеѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и Академијата на ФК Сараево.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговата задача ќе биде да ја поттикнува стратегиската интеграција на сите делови од спортскиот развој на клубот, од младинските селекции до тимот на сениорите, со цел да се изгради јасна и долгорочно одржлива спортска филозофија.

Исто така, Велкоски ќе ги координира новите играчи кои доаѓаат во ФК Сараево, помагајќи им да се адаптираат и да ги запознаат клубот и заедницата. Бидејќи Велкоски изгради длабоки врски со ФК Сараево и неговите навивачи, тој е пример за сите идни играчи.

“Добредојде назад, Крсте — сега во нова функција, но со старата мисија: освојување на трофеите”, соопштија од Кошево.

Со 235 настапи, 64 погодоци и 45 асистенции, неговото тридецениско наследство останува длабоко врежано во историјата, како по бројките така и по емоционалната енергија која ја донесуваше на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими бил оштетен во дуелот со Брера: Судијата доби негативна оценка!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со став во врска со контроверзниот момент на д…