
Според шпанските медиуми, поточно порталот “Fichajes”, португалската ѕвезда му препорачала на раководството на Ал Наср да го доведат во нивниот тим играчот на Реал Мадрид.
Станува збор за германскиот репрезентативец Антонио Рудигер, кој веќе неколку сезони претставува еден од столбовите на одбраната на кралскиот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Роналдо смета дека доаѓањето на искусниот дефанзивец би го зголемило квалитетот на одбранбената линија на саудискиот клуб.
Наводно, Португалецот е уверен дека Рудигер веднаш би донел стабилност, сила и победнички менталитет во тимот на Ал Наср.
Управата на клубот од Саудиска Арабија сериозно ја разгледува оваа опција, свесна дека препораката од Кристијано Роналдо има посебна тежина.
Сепак, трансферот сѐ уште не е близу до реализација, бидејќи самиот играч не донел конечна одлука за својата иднина.
Антонио Рудигер моментално е фокусиран на завршувањето на сезоната со Реал Мадрид, со кој има јасни натпреварувачки цели.
На германскиот дефанзивец му истекува договорот со мадридскиот клуб на лето, што отвора простор за преговори со други клубови.