Кристијано Роналдо во февруари ќе го прослави својот 40 роденден, но не размислува за фудбалска пензија.
Сепак, легендарниот португалски фудбалер е во дилема каде да ја продолжи кариерата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Неговиот договор со Ал Наср истекува на 30 јуни оваа година. Како што пренесуваат светските медиуми, Роналдо нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, но не е сигурно дека ќе ја продолжи соработката со Ал Наср, бидејќи наводно се појавила уште една (подобра) понуда.
Во Саудиска Арабија кружат гласини дека шампионот Ал Хилал покажал интерес за Кристијано Роналдо, особено ако Бразилецот Нејмар не го продолжи договорот.
Вреди да се напомене дека за разлика од Ал Наср, Ал Хилал ќе учествува на Светското клупско првенство. Тоа е натпреварување кое секако ги привлекува Португалците. Ал Наср не блеска оваа сезона, по 13 одиграни натпревари е на четвртото место со 25 бодови, дури 11 помалку од лидерот Ал Итихад и девет од шампионот Ал Хилал.
Со 10 гола, Кристијано Роналдо е втор стрелец во лигата заедно со Карим Бензема. Португалецот се уште нема освоено официјална титула во Саудиска Арабија. Единствениот трофеј што го има е Купот на арапските шампиони, кој нема официјален статус.