Дома Фудбал Кристенсен „надвор“ до крајот на сезоната, Барселона експресно најде најдобра можна замена

Кристенсен „надвор“ до крајот на сезоната, Барселона експресно најде најдобра можна замена

Барселона потврди дека Андреас Кристенсен претрпе незгодна повреда на коленото за време на тренинг пред натпреварот со Виљареал, и дека за него сезоната веројатно заврши. Очекувањата се дека Каталонците во јануари ќе бараат засилување во одбраната и се чини дека веќе е јасно кого ќе доведат.

Барселона вчера на гостување успеа да го победи Виљареал со 2:0, но пред средбата од каталонскиот клуб соопштија дека Кристенсен не е во составот бидејќи претрпе потешка повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Данецот се врати во форма и почна да игра, но на последниот тренинг пред патувањето за Виљареал претрпе тешка повреда на коленото поради што за него оваа сезона е речиси сигурно завршена.

Иако со Барса се поврзуваат неколку имиња, како што изгледа, веќе е јасно дека тие ќе го доведат.

Станува збор за Иниго Мартинез кој игра за Ал Наср во кој пристигна ова лето токму од Барселона. Неговото отсустување се чувствува, и Флик е заинтересиран да се обиде да го врати искусниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандес: Реал Мадрид? Нема ништо…

Иднината на Енцо Фернандес од Челси се предвидува како една од најголемите трансферни саги…