
Еден од најдобрите фудбалери на светот во изминатата деценија, Кевин де Брујне, летово по 10 години го напушти Манчестер Сити и го засили Наполи, но кај шампионот на Италија не успеа веднаш да се вклопи со Антонио Конте.
Имаше добри партии, но тој и Скот Мектоминеј никако не можеа да функционираат заедно на теренот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Следуваше повреда и повеќемесечна пауза, Конте во меѓувреме имплементираше целосно друга формација во која ќе биде тешко да има место за Белгиецот, па тој веќе во јануари би можел да го напушти југот на Италија.
Медиумите од Наполи тврдат дека клубот е спремен да го пушти доколку пристигне добра понуда, а во овој момент постои интерес од неколку клубови од Саудиска Арабија.
Наводно, ни самиот Де Брујне не е премногу заинтересиран да остане во Наполи, па јануари можеби е и идеален момент за разделба.