Дома Фудбал „Кралевите“ се налутија поради судиските одлуки: Гестот на Мбапе за ВАР кажа сè (Видео)

„Кралевите“ се налутија поради судиските одлуки: Гестот на Мбапе за ВАР кажа сè (Видео)

Реал Мадрид синоќа неочекувано беше поразен од Еспањол со 1:0 во натпревар од 22. коло на Ла Лига, а „Кралевите“ имаа жестоки критики за судењето. Во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе, кого го прашаа за ВАР, а неговата гестикулација со раката кажа сè.

Но, по завршувањето на натпреварот од Реал покажаа колку се незадоволни од судиските одлуки и сметаат дека беа жестоко оштетени.


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Особено се навратија на две ситуации, а во двете во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе.

Првата ја видовме во 20. минута кога Реал преку Винисиус Жуниор постигна гол за 0:1, но гостите беа во шок што истиот беше поништен бидејќи судијата Алехандро Руиз свиреше прекршок што го направи Мбапе.

Сепак, во Реал сметаат дека тоа била погрешна одлука бидејќи играчот на Еспањол прво го фатил Мбапе за врат и дека тоа всушност требало да биде пенал за „Кралевите“, кога судијата веќе реагирал.

Втората ситуација се случи по еден час игра кога Ромеро жестоко го фаулираше Мбапе, и во Реал веруваат дека играчот на Еспањол поради тоа заслужил директен црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер во драматичен финиш се спаси од пораз во градското дерби

Милан и Интер одиграа фантастично дерби со драматичен финиш, кое на крајот заврши без побе…