Дома Фудбал Крај на сагата: Решена иднината на Винисиус!

Крај на сагата: Решена иднината на Винисиус!

Винисиус Жуниор реши да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе го продолжи договорот со Реал.

Оваа вест ексклузивно беше објавена од познатиот инсјадер Фабрицио Романо, кој ја пренесе изјавата на бразилскиот ас.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид и ќе останам овде долго. Реал Мадрид е клубот од моите соништа,” изјави Винисиус.

Изминатите месеци различни портали објавуваа “ексклузиви” за тоа како Винисиус го напушта Реал, а Бразилецот објасни и зошто сè уште не ја има продолжено соработката со Кралевите.

“Имам уште една година до истекот на договорот, но сум многу спокоен во поглед на преговорите. Имам доверба во претседателот Флорентино Перез. Исто така, имам посебна врска со тренерот Арбелоа, како што имав и со Анчелоти. Тренерот секогаш ми објаснува што очекува од мене и секогаш давам сè од себе, и така ќе продолжам,” изјави Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Милан доаѓа како спасител на италијанскиот фудбал!?

Италијанскиот фудбал се соочува со криза, а Паоло Малдини се појавува како клучен кандидат…