Дома Фудбал Крај на една ера: Бернардо Силва заминува од Манчестер сити!

Крај на една ера: Бернардо Силва заминува од Манчестер сити!

Бернардо Силва ги игра неговите последни натпревари во дресот на Манчестер Сити. Еден од играчите што го градеа Сити како фудбалска сила на теренот, ќе се раздели со клубот на крајот од сезоната.

По неверојатни девет години, Бернардо Силва ќе го напушти “Етихад”.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Досега, Силва има одиграно 450 натпревари за Сити, при што постигна 76 гола и подели 77 асистенции, освојувајќи 16 трофеи.

И тоа не било какви трофеи. Лига на шампиони (2022/23). Шест титули во Премиер лигата (17/18, 18/19, 20/21, 21/22, 22/23 и 23/24). Светско клупско првенство (2024). Два ФА купа (2019 и 2023) со можност за освојување и на третиот бидејќи Сити е во полуфинале. Пет титули во Лига купот (2018, 2019, 2020, 2021 и 2026). Три Комјунити шилда (18/19, 19/20 и 24/25).

Силва во 2019 година беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата.

Покрај сите трофеи со Сити, Силва беше шампион на Франција со Монако (2016/2017), шампион на Португалија со Бенфика (2013/14), и ги освои Купот на Португалија (2014) и Лига купот на Португалија (2013/14).

Со португалската репрезентација освои два пати Лига на нациите.

На крајот од сезоната, Силва ќе си замине како слободен играч, а англиските медиуми известуваат дека веќе има бројни понуди од Саудиска Арабија и Америка. Секако, ќе сака да избере нов клуб пред почетокот на Светското првенство каде што ќе настапува за Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екс-фудбалерот се откажа од својата ќерка поради „Онли Фенс“: Заработувам многу повеќе од вас!

Јавноста во Обединетото Кралство беше шокирана од големиот семеен конфликт на поранешната …