Дома Фудбал Кожуф демантира: Фудбалерот на Скопје симулираше!

Кожуф демантира: Фудбалерот на Скопје симулираше!

Во вчерашниот натпревар од Втората македонска лига помеѓу Кожуф и Скопје се случи инцидент поради кој натпреварот беше прекинат 15-тина минути па продолжи.

Имено, првичните информации беа дека фудбалер на гостинскиот тим бил удрен со тврд предмет, меѓутоа се огласи и Кожуф преку соопштение во кое тврди дека фудбалерот кој се жалел на повредаа симулирал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Факт е дека навивачите реагираа бурно во еден момент од натпреварот по револт на судска одлука, но тврдиме дека немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје. На снимката јасно се гледа дека станува збор за симулација, односно играчот со број 10 на ФК Скопје е потегнат од соиграч за истиот да падне. По прекинот на натпреварот, истиот продолжи нормално со жар и заврши во фер и спортска атмосфера. На крајот играчите и сите присутни актери си подадоа рака, како што и доликува“, стои во соопштението на Кожуф.

СИТУАЦИЈАТА ПО КОЈА СЕ ПРЕКИНА НАТПРЕВАРОТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тагата е непоимлива: Легендарниот Немања Видиќ ги дозна најлошите можни вести

Тажни вести доаѓаат од Србија. Тешка ноќ за семејството на легендарниот Немања Видиќ, пора…