
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, доживеа непријатност на последниот тренинг на својот тим, откако во еден дуел доби силен удар од соиграчот Матео Ковачиќ.
Ситуацијата која се случи за време на тренинг-сесијата привлече големо внимание, посебно по тоа што норвешкиот голгетер на социјалните мрежи покажа како изгледа повредата која ја доби.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
За време на една борба за топката, хрватскиот играч од средниот ред стартуваше многу остро, а Халанд притоа доби длабока исеченица на потколеницата.
Фотографијата од раната брзо се прошири на интернет, а норвешкиот напаѓач со објавата имаше интересен коментар, на италијански се „заблагодари“ на Ковачиќ за подарокот од тренингот, што многумина го протолкуваа како шега помеѓу соиграчите.
.🚨📲 𝗡𝗘𝗪: Ерлинг Халанд покажува модрица што Матео Ковачиќ му ја предизвика на тренинг денеска. pic.twitter.com/CIxp42ix2f
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) 8 март, 2026