Дома Фудбал Ковачиќ во трансфер од 30 милиони евра се враќа во Шпанија?

Ковачиќ во трансфер од 30 милиони евра се враќа во Шпанија?

Англиските медиуми подолго време пишуваат за можниот заминување на Матео Ковачиќ од Манчестер Сити во летниот трансфер период. Веќе неколку пати беше ставен на листата на играчи без кои Сити би можел да ја започне следната сезона, а „Manchester Evening News“ пишуваше и дека клубот нема да му прави проблеми ако посака да си замине. Наводно постојат неколку заинтересирани кандидати за негово ангажирање.

Доколку сака да остане во најсилните европски лиги, Ковачиќ би можел да размисли за враќање во Ла Лига каде што со години играше во дресот на Реал Мадрид. И овој повик пристигнува од Мадрид, но од ривалот на Реал, Атлетико. Англиските медиуми наведуваат дека трансферот на Ковачиќ во тимот на Диего Симеоне би можел да вреди околу 30 милиони евра.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Наводно интерес покажува и Фенербахче. Жозе Мурињо сакаше да го донесе и на „Олд Трафорд“ кога беше тренер на Манчестер Јунајтед, а го сака и сега кога го води турскиот тим. Сепак, желбата на Ковачиќ е да остане во најсилните европски лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона планира спектакуларен трансфер

Ѕвездата на тимот на Њукасл, Александар Исак, е во плановите на Барселона за летниот транс…