Дома Фудбал Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Контроверзии за водечкиот гол на Барселона: Телевизискиот кадар и ВАР снимката – не се совпаѓаат! (Видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите ја победија Борусија Дортмунд со резултат 4:0 и практично го обезбедија пласманот во полуфиналето, додека бројни контроверзии предизвика првиот гол на каталонската екипа.

Барселона поведе во 25-тата минута по нафрлувањето на Фермин Лопез од слободен удар од десната страна.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој ја упати топката на втората статива, Иниго Мартинез ја спушти топката со глава до Пау Кубарси кој шутира од пет метри и го совлада Грегор Кобел.

Меѓутоа, пред да ја премине топката гол-линијата, Рафиња со лизгачки старт ја турна пред да ја помине гол-линијата, а наредните две минути судиите на ВАР, Денис Хиглер и Клеј Руперти ја прегледуваа ситуацијата и на крајот заклучија дека голот е регуларен.

Со оглед на тоа што во Лигата на шампионите се користи технологија за полуафтоматски офсајд, анимацијата која беше прикажана покажа дека Рафиња не беше во офсајд позиција кога Кубарси ја допре топката.

Но, многумина не веруваат дека одлуката на ВАР била исправна земајќи го предвид времето кое судиите во ВАР собата го поминаа размислувајќи дали голот е исправен или не.

Полуавтоматскиот офсајд речиси во реално време ги одредува позициите на играчите на теренот и моментот кога напаѓачот последен пат ја контактира топката, па би можеле судиите на ВАР веднаш да донесат одлука.

Проблемот настана бидејќи „замрзнатата“ слика во ТВ-преносот и анимацијата на полуавтоматскиот офсајд не се совпaѓаат.

Имено, ВАР анимацијата покажува Рафиња кому левата нога му е на линијата од пет метри, додека на ТВ-снимката во моментот на испраќање на топката е внатре во петте метри, односно ВАР анимацијата е направена неколку милисекунди порано.

Исто така, за многу навивачи на Борусија е спорно тоа што ВАР го земал Серху Гираси како последен играч од одбраната, а не Рами Бенсебаини.

Дури и самиот Рафиња по натпреварот призна дека не бил сигурен дали голот е регуларен или не.

“Бев загрижен дали сум бил во офсајд или не. Не бев сигурен. Му реков на Кубарси дека ја допрев топката пред да влезе во голот и му се извинив поради тоа. Тој рече дека е задоволен и со асистенцијата”, изјави Рафиња по натпреварот.

Реванш натпреварот е закажан за 15-ти април во Дортмунд.

Фото: Принтскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на повидок: каква суспензија заслужува Мбапе, а каква ќе добие?! (Видео)

Килијан Мбапе доби црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес и го чека суспензија…