Дома Фудбал Конте збесна по елиминацијата од Купот: Ова не е добра сезона за ВАР и судиите!

Конте збесна по елиминацијата од Купот: Ова не е добра сезона за ВАР и судиите!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги објасни своите реакции кон судијата по елиминацијата од Комо на пенали во четвртфиналето на Италијанскиот куп, но пред сѐ го изрази своето незадоволство поради кризата со повредите на фудбалерите во тимот.

Мечот на стадионот “Диего Армандо Марадона” беше проследен со сериозни контроверзии. Во 50-та минута, Јакобо Рамон имаше среќа што не го доби вториот жолт картон за прекршокот над Расмус Хојлунд на работ на шеснаесетникот. Дури и првиот картон за Рамон предизвика бурни емоции покрај аут линијата, бидејќи многумина сметаат дека прекршокот над Хојлунд заслужуваше директен црвен картон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Немој постојано да зборуваме за судиите, секогаш ќе има некој што се жали. Очигледно оваа сезона не е добра за судиите и ВАР. Се надевам дека ќе најдат начин да ја подобрат ситуацијата. Факт е дека сите се жалат – тренери, играчи и навивачи. Спортот мора да се развива и да се подобрува. Како што ги подобруваме нашите тимови, така и Роки мора да си ги подобри своите судии и ВАР специјалистите, изјави Конте.

Се налути на прашањето дали Наполи ќе има сили да остане во борба за титулата, велејќи дека е смешно очекувањето од тимот да се справи со конкурентите, со оглед на многуте кадровски проблеми.

Ги честитам момците, бидејќи не беше лесно да се соочиме со комплетниот тим на Комо, кој одмараше 10 дена. Само можам да ги пофалам овие играчи, бидејќи го надминуваме нашиот моментален потенцијал. Имаме мошне малку ресурси што едноставно не соодветствуваат на амбициите кои требаше да ги имаме за оваа сезона“, дополни Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе почека за шишање: Навивачот на Манчестер јунајтед мина низ пекол (Видео)

Франк Илет, еден од најпознатите навивачи на Манчестер јунајтед, доживеа вистинска емоцион…